Вести
Денес е празник на Свети апостол Марко
Православната црква 8-ми мај го празнува како ден на Светиот апостол и евангелист Марко. Роден е во Ерусалим од мајка која била многу побожна. Во нејзината куќа се одржала светата Тајна вечера на Исус со апостолите.
Св. Марко бил еден од 70-те Христови ученици и заедно со апостолите Петар и Павле, го ширел Христовото учење низ многу места како Кипар, Рим и други. Во Рим под дирекно влијание на Св. Петар го напишал Евангелието, за кое се тврди дека е напишано десет години по Христово вознесение. Во градот Александрија, Св.Марко станал епископ и покрстил многу народ. Настрадал од неверници кои насилно влегле во црквата, го врзале и го влечеле по патиштата до смрт. Од месното население бил погребан во близината на Александрија, а подоцна побожните жители на Млетачката Република неговите мошти ги пренесле во Венеција и ги погребале во црквата изградена за таа прилика што го носи неговото име.
Денес именден слават оние со име Марко.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди