Магазин
Денес е Светски ден на бакнежот – Во животот поминуваме 15 дена во бакнување
Шести јули е датумот кој е зацртан како Светски ден на бакнежот. Не е некој официјален празник, но поради тоа што се однесува на нешто убаво, кое симболизира љубов, топлина и блискост, вреди да му се посвети внимание. Ние тоа ќе го направиме преку неколку интересни податоци и факти за бакнежите и бакнувањето.
-Обичајот да се бакнат невестата и младоженецот на крајот од венчавката потекнува од старите римјани за кои бакнежот значел еден вид потпис на договор меѓу двајца.
-63% од мажите ги затвораат очите додека се бакнуваат, додека кај жените тој процент е повисок, дури 97%
-Стравот од бакнување се вика филематофобија
-Бакнежот го продолжува животот. Ако мажот ја бакнува својата партнерка секој ден, ќе живее до пет години подолго
-Просечно во бакнување поминуваме 15 дена од животот
-Научно е потврдено дека преку бакнеж се пренесуваат 80 милиони микроби, што е неколку пати повеќе од количината што се пренесува преку вц школка. Сепак бакнувањето преку микробите помага да се развива и зајакнува имунитетот
– Околу две третини од луѓето додека се бакнуваат ја навалуваат главата на десната страна
– Повеќето луѓе се сеќаваат на повеќе детали од својот прв бакнеж, отколку од своето прво сексуално искуство
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди