Занимливости
Денес е Светски ден на кучето – интересни факти за најдобриот пријател на човекот

Од 2004 година, Денот на кучето се слави на 26 август. Идејата ја има дадено активистот Колин Пејџ, кој сакал да привлече внимание кон грижата за кучињата, како наши најверни пријатели и исклучително скапоцени животни.
Не е кажано без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Дека тој навистина е нашиот вистински пријател, тоа ни го докажува секој ден. Сите оние што чуваат и сакаат кучиња го знаат ова најдобро. Чистата и безусловна љубов е најдобриот доказ за пријателство.
Верноста, безграничната љубов и жртвата за неговиот сопственик се квалитетите на секое куче. Ова е докажано со бројни примери во кои кучињата ја докажаа својата љубов кон сопственикот. Тие ја покажуваат својата лојалност кон сопственикот преку постојана грижа и приврзаност. Затоа тие се вистински пријатели на човекот.
На денот на кучето, еве неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за нив.
- Кучињата често сонуваат. Поточно, тие минуваат низ многу слични фази на сон како луѓе, вклучувајќи ја и РЕМ фазата, во која ги сонуваме соништата што ги паметиме. Грчењето на муцката и движењата на шепите во сон се сигурен знак дека вашето домашно милениче сонува нешто во тој момент. Но, знаете што е интересно? Експертите од Харвард велат дека кучињата обично ги сонуваат нивните сопственици. Зарем тоа не е прекрасно? Ако имате куче, имате некој што ве сака безусловно и сонува за вас.
- Можат да бидат паметни како двегодишно дете и имаат приближно ист „фонд за зборови“.Tие разбираат ист број зборови како и двегодишното дете. За најинтелигентна раса се сметаат граничарите кои разбираат околу 200 зборови. Следуваат пудли, германски овчари, златни ретривери и доберманци.
- Чувството за мирис на кучето е околу 10.000 пати подобро од човечкото, а докажано е дека кучињата можат да „мирисаат“ болести како што се рак или дијабетес.
- Мавтањето со опашката е една од најчестите форми на комуникација, но има различни значења. Кучињата мавтаат со опашката кога се среќни, но и кога се плашат. Ако опашката е подигната, може да укаже и на вознемиреност.
- Кучињата понекогаш ги споделуваат нашите емоции – тие се под стрес кога нивниот сопственик е под стрес, тие се вознемирени кога ние сме вознемирени. Тие можат да почувствуваат цела низа емоции, од оптимизам и песимизам, преку депресија и љубомора до бескрајна љубов и лојалност.
- Стар мит е дека кучињата гледаат црно бело. Кучињата, навистина, гледаат поинаку од луѓето, но тие се способни да разликуваат нијанси на жолта и сина. Единствено што не гледаат е разликата помеѓу црвено и зелено.
- Нивните шепи често не мирисаат убаво, но тоа е со добра причина бидејќи единствените потни жлезди што ги имаат се наоѓаат на нивните шепи.
- „Отпечатокот“ од муцката на кучето е единствен како и нашиот отпечаток од прст.
Целта на одбележувањето на Денот на кучето е да се зајакне свесноста на граѓаните за важноста од заштита на нашите миленичиња и оние кои се уште не се заштитени, да поттикнеме подобра грижа за кучињата, како и да потсетиме колку тие се нашите најдобри пријатели без кои не би можеле.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар