Поврзи се со нас

Занимливости

Денес е Светски ден на кучето – интересни факти за најдобриот пријател на човекот

Објавено

на

Од 2004 година, Денот на кучето се слави на 26 август. Идејата ја има дадено активистот Колин Пејџ, кој сакал да привлече внимание кон грижата за кучињата, како наши најверни пријатели и исклучително скапоцени животни.

Не е кажано без причина дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Дека тој навистина е нашиот вистински пријател, тоа ни го докажува секој ден. Сите оние што чуваат и сакаат кучиња го знаат ова најдобро. Чистата и безусловна љубов е најдобриот доказ за пријателство.

Верноста, безграничната љубов и жртвата за неговиот сопственик се квалитетите на секое куче. Ова е докажано со бројни примери во кои кучињата ја докажаа својата љубов кон сопственикот. Тие ја покажуваат својата лојалност кон сопственикот преку постојана грижа и приврзаност. Затоа тие се вистински пријатели на човекот.

На денот на кучето, еве неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за нив.

  • Кучињата често сонуваат. Поточно, тие минуваат низ многу слични фази на сон како луѓе, вклучувајќи ја и РЕМ фазата, во која ги сонуваме соништата што ги паметиме. Грчењето на муцката и движењата на шепите во сон се сигурен знак дека вашето домашно милениче сонува нешто во тој момент. Но, знаете што е интересно? Експертите од Харвард велат дека кучињата обично ги сонуваат нивните сопственици. Зарем тоа не е прекрасно? Ако имате куче, имате некој што ве сака безусловно и сонува за вас.
  • Можат да бидат паметни како двегодишно дете и имаат приближно ист „фонд за зборови“.Tие разбираат ист број зборови како и двегодишното дете. За најинтелигентна раса се сметаат граничарите кои разбираат околу 200 зборови. Следуваат пудли, германски овчари, златни ретривери и доберманци.
  • Чувството за мирис на кучето е околу 10.000 пати подобро од човечкото, а докажано е дека кучињата можат да „мирисаат“ болести како што се рак или дијабетес.
  • Мавтањето со опашката е една од најчестите форми на комуникација, но има различни значења. Кучињата мавтаат со опашката кога се среќни, но и кога се плашат. Ако опашката е подигната, може да укаже и на вознемиреност.
  • Кучињата понекогаш ги споделуваат нашите емоции – тие се под стрес кога нивниот сопственик е под стрес, тие се вознемирени кога ние сме вознемирени. Тие можат да почувствуваат цела низа емоции, од оптимизам и песимизам, преку депресија и љубомора до бескрајна љубов и лојалност.
  • Стар мит е дека кучињата гледаат црно бело. Кучињата, навистина, гледаат поинаку од луѓето, но тие се способни да разликуваат нијанси на жолта и сина. Единствено што не гледаат е разликата помеѓу црвено и зелено.
  • Нивните шепи често не мирисаат убаво, но тоа е со добра причина бидејќи единствените потни жлезди што ги имаат се наоѓаат на нивните шепи.
  • „Отпечатокот“ од муцката на кучето е единствен како и нашиот отпечаток од прст.

Целта на одбележувањето на Денот на кучето е да се зајакне свесноста на граѓаните за важноста од заштита на нашите миленичиња и оние кои се уште не се заштитени, да поттикнеме подобра грижа за кучињата, како и да потсетиме колку тие се нашите најдобри пријатели без кои не би можеле.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 21 минута

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 3 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 4 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 19 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 20 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена