Поврзи се со нас

Вести

Денес е Светски ден на мајчиниот јазик

Денешниот датум 21-ви февруари се одбележува како Ден на мајчиниот јазик, а бил прогласен  во 1999 година од УНЕСКО во насока на промовирање на важноста од сочувување и негување на мајчиниот јазик, но и на важноста на јазичната разновидност.
Востановен е во чест на еден немил настан што се случил токму на 21 февруари во далечната 1952 година. По поделбата на Индија во 1947, Дака станала главен град на Источен Бенгал, како дел од новата држава Пакистан. Поделбата на луѓето била по етничка и лингвистичка основа, а најбројни биле Бенгалците. Владата на новооснованата држава во 1948 година усвоила предлог, единствен јазик да биде „урду“. Тоа предизвикало негодувања и протести. На 21 февруари, 1952 година бил организиран масовен протест во кој учествувале голем број студенти. Полицијата усмртила многу демонстранти. Неколку години подоцна за официјален јазик бил признаен и бенгалскиот.
Денес на земјината топка се говори на повеќе од 6000 јазици, но на половината од нив во разни делови на светот им се заканува исчезнување.

Сподели:
Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!