Поврзи се со нас

Вести

Денес е Велики Четврток, рано наутро вапсани првите велигденски јајца

Објавено

на

Православните христијани денес го одбележуваат Велики Четврток, кога Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна Причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристијата е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. На Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Според обичаите, пред изгрејсонце домаќинките ги вапсуваат првите црвени велигденски јајца. Се верува дека првото велигденско јајце има голема моќ и тоа треба да се чува до следниот Велигден, обично покрај икона.

Црвената боја на велигденските јајца ја симболизира христовата крв, но и божјата сила и моќ. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На што се отпоздравувало: Вистина Воскресе!

На Велики Четврток се служи литургија на Василиј Велики. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена