Поврзи се со нас

Вести

Денес е Водопост, утре се слави Богојавление-Водици

Објавено

на

Денес, 18-ти јануари, православните верници го слават  празникот Водопост (Водокрштение). Празникот е востановен во чест на дамнешните обичаи кога на тој ден биле крштевани луѓето што го примиле христијанството како своја вера. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на крстот како најсвет христијански симбол. Традициите налагаат да се врши крштевање на водата и се верува дека преку силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ.

Утре, 19-ти јануари се слави Богојавление-Водици. Во Гостивар одбележувањето на празникот ќе започне наутро со свечена литургија. Тргнувањето на литијата е во 11.30 часот, од пред црквата „Пресвета Богородица“. Точно напладне, чинот на осветувањето и положувањето на светиот крст во водите на Вардар, ќе го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

Важно обележје на Водици е тропарот „Во Јордање“:

Во Јордање крештајутсја, Тебја Господи, Троическое јависја, поклонение, родитељев бо глас, свидетелство ваше тебје, возљубленого тја сина именуја, и дух во видје голубиње, извјествоваше словесе утвржденије, јављејсја Христе Боже и мир просвјешчеј, слава тебја.

Превод на македонски јазик:

Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се јави поклонувањето на Света Троица, гласот на Оца сведочеше за тебе, нарекувајќи те свој возљубен син и Духот во вид на гулаб ја потврди вистината на тоа сведоштво. Се јави Христе Боже и го просвети светот, Слава Ти!

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена