Вести
Денес е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
Православните христијани денешниот ден Задушница, според обичаите го посветуваат на починатите од семејството, со посета на нивните вечни почивалишта. Црквата налага на гробот да се принесе пченица, лепче, вино, да се запали свеќа и да се повика свештеник со кој се споменуваат имињата на блиските покојни. Кај граѓаните останал обичај уште од минатото да се носи и раздаваат храна „за душа и покој“.
Утре, недела се празнува Педесетница (Духовден), 50 дена од Велигден. Празникот го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и се слави како празник на црквата. Празникот уште се вика и Света Тројца затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син, дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.
Задушница годинава се поклопи со празникот на свети Константин и царица Елена кој секогаш се одбележува на 3-јуни.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград