Видео емисии
Денес емитуваме видео интервју со в.д. градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани
Почитувани читатели на нашиот медиум, имаме задоволство да ви најавиме ново видео интервју од продукцијата на Gostivarpress.mk. На гостинското столче во нашето студио седна в.д. градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани.
Со него разговараме на повеќе теми, со фокус на проблематиките кои ги засегаат поголемиот дел од граѓаните како: јавната чистота, сообраќајниот хаос, недостигот на паркинг, кучињата скитници, долгот на општината… Откриваме и кои ќе бидат приоритетите на локалната самоуправа во следниот период, какви проекти се планира да се реализираат, ќе има ли смени на директори во училиштата, каква е визијата за Гостивар, дали има надеж да се ублажи иселувањето на младите итн.
Го прашуваме првиот човек на Гостивар, кој по професија е лекар, и зошто влегол во политика, кој му бил главен мотив да застане на чело на општината, дали му недостига медицината и грижата за пациентите, дали ќе се кандидира за градоначалник на локалните избори во 2025 година… Правиме и мала прошетка низ времето потсетувајќи се на животот во Гостивар во детството и средношколските денови.
Нема да откриваме повеќе, ова е интервју кое вреди да се проследи!
Премиерата ќе ја прикажеме денеска во 18 часот на нашиот Јутуб и Телеграм канал.
Гледајте нѐ!
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија