Рецепти
Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Питата со ванила направена според рецептот што ви го пренесуваме, може да ја јадете како десерт или како лесен оброк за појадок и вечера. Веруваме дека ќе ја сакаат сите во семејството.
Состојки:
12 парчиња готови кори
1 литар млеко
3 пудинга од ванила
9-10 лажици шекер
шекер во прав за посипување
Фил за премачкување
3 jaja
3 лажици шекер
200 мл. масло
200 мл. јогурт
100 гр. гриз
1 прашок за пециво
Подготовка:
Најпрво од ладно млеко вадите 18 лажици и ги мешате со пудингот во прав и шеќерот добро, да не останат грутки. Остатокот од млекото се вари, па се тргнува настрана, се додава смесата од пудингот и шекерот и се вари две минути, односно додека се згусне пудингот. Откако ќе се свари, оставете го да се олади.
Премачкување на корите:
Посебно се матат белките со шеќер, добро изматени се додаваат жолчите, па маслото и добро се меша со миксер. На крај додадете гриз, пециво, а потоа истурете го јогуртот и добро измешајте ја смесата.
Првата кора намачкајте ја со оваа смеса, покриете ја друга кора која и таа се премачкува со смесата, потоа се нанесува третата кора. На третата кора врз неа се става филот од пудинг, сметајте дека ќе имате вкупно 4 штрудли, па филот поделете го на 4 дела, по 250 гр.
Свиткајте ја кората и ставете ја во плех за печење обложен со масна хартија. Премачкајте ги штрудлите со масло и печете ги на 180 степени околу 20 минути.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022