Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 12/09/2018

Отворен ден во Граѓанскиот универзитет за доживотно учење во Гостивар

Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење во Гостивар, за сите граѓани од поширокиот гостиварски регионот, кои сакаат да го надградат своето знаење денес од 18 часот организира информативен отворен ден во просториите на универзитетот.

„Овој настан го организираме со цел да го доближиме образовниот центар до сите кои сакаат да вложат во себе и да го надградат своето знаење или пак од почетно ниво да го започнат своето учење, без разлика на годините. Добредојдени се сите, од најмлади до највозрасни, да се запознаат со можноста која им се нуди. Никогаш не е доцна да се научи нешто ново“, велат од ОГУДУ Гостивар.

Посетителите ќе имаат можност непосредно да се информираат за условите, да ги погледнат просториите во кои се работи во универзитетот, да се информираат за курсевите кои се организирани, да се запознаат и поразговараат со наставниот кадар. Како и изминатите години така и оваа од „ОГУДУ Гостивар“ ги организира сите курсеви кои им се најнеопходни на граѓаните.

• Математика
• Англиски јазик
• Германски јазик
• Италијански јазик
• Француски јазик
• Македонски – Албански – Турски јазик (за учесници на кои не им е мајчин јазик)

Се спроведуваат и програми за преквалификации или доквалификации за голем број занимања. Познавање на компјутери и работа со компјутер, козметичар, шминкер, фризер, ракувач со градежни машини, угостител, водоинсталатер, заварувач се само дел на занимањата за кои може да добиете сертификат кој е признат насекаде низ светот.

Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Гостивар, се наоѓа во просториите на поранешен „пионерски дом“ во градскиот парк. Отворениот ден започнува од 18 и ќе трае до 21 часот.

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*