Вести
Денес почнува СП во Франција: Ќе ни донесат ли ракометарите радост?

Во Франција, со натпреварот помеѓу домаќинот и репрезентацијата на Бразил ќе започне 25-то Светско првенство.
Ќе учествуваат вкупно 24 земји поделени по шест во четири групи. По петти пат на Мундијалите ќе настапи и македонската репрезентација.
Македонија е во Б-групата заедно со Шпанија, Исланд, Словенија, Ангола и Тунис. Средбите од оваа група ќе се играат во Мец.
Група А: Полска, Русија, Јапонија, Норвешка Франција и Бразил.
Група Ц: Хрватска, Германија, Унгарија, Белорусија, Чиле и Саудиска Арабија.
Група Д: Данска, Шведска, Катар, Египет, Аргентина и Бахреин.
Првите четири пласирани од секоја група ќе продолжат во осминафиналната фаза која е елиминациска.
Лино Червар во Франција го поведе овој тим: Никола Митревски, Кирлил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков
Се очекува и македонската фаланга да го завземе своето место во салата во Мец. Подржувачи ќе има во нашите иселеници кои живеат во Франција и околните држави, но ќе има и фанови кои отпатуваа од Македонија.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022