Вести
Денес се слави Св. Никола
Православните христијани денес (19-ти декември) го празнуваат Свети Никола, една од најмасовните слави меѓу населението во Македонија. Денешниот ден, посветен на светецот Никола Чудотворец, за своја домашна слава го имаат и многу гостиварски семејства,а традицијата се пренесува од колено на колено. Во храмовите, во чест на празникот, утрово се одржуваат свети литургии.
Ликот на Св. Никола се смета за заштитник на патниците, особено на оние што патуваат по вода. Светецот како за време на својот живот така и по смртта, ги помагал сиромашните, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.
Славата по повод денешниот празник е посна и на трпезата доминираат посна сарма, гравче, риба и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар