Поврзи се со нас

Гостивар

Денес стартува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда

Објавено

на

Денска започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, со вкупно 3.852 награди кои заедно опфаќаат износ од половина милион евра. Со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ и со прифаќање на условите на наградната игра, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на дневна, месечна награда или премија. Најпрво граѓаните треба да ја апдејтираат апликацијата МОЈДДВ, да го впишат пинкодот, по што на екранот ќе им се отвори прозорче на кое треба да кликнат „учествувам.“

Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари – односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа од 4 по 1.000 денари, 3 по 2.000 денари и 3 по 3.000 денари. Понатаму секој месец ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари или вкупно за цело времетраење на играта 180 награди по 100.000 денари. Има и две главни премии од по 3.000.000 денари.

Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат поучна порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.

Директорката за комуникации на Државна Лотарија Камелија Левенска информира дека извелкувањето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо од студиото каде се одвива Лото извлекувањето веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер.

„Со ова во тек на 13 емисии во тек на 2020 година ќе имаме можности за давање награди преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда. Месечните извлекувања на 15 награди од по 100.000 денари ќе се реализираат на почеток на секој месец по Лото емисиите, почнувајќи од првото извлекување на 4 јануари“, рече Левенска.

Таа посочи дека за граѓаните ќе биде достапен и контакт центар на Државна лотарија, како и дека е отворена страната loto.mk/MojaNagrada каде граѓаните ќе можат да се информираат за наградната игра.

Министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека и апликацијата МојДДВ е надградена со нови функционалности како пријава на нерегуларности, месечни извештаи во кои граѓаните ќе можат да се информираат за износот на остварениот поврат за секој месец, тримесечни извештаи во кои граѓаните ќе имаат увид за остварениот поврат за секој квартал, како и наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која корисниците можат да ги видат сите добиени сериски броеви за наградните кола, добиените награди и информации за наградната игра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 минути

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 42 минути

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 3 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена