Македонија
Денес вакцина примиле околу 2.000 вработени во градинките
Во рамки на имунизацијата против ковид, што се одвива во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, денес започна вакцинацијата на вработените во детските градинки, кои спаѓаат во ризични категории.
Министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска информираше дека околку 2.000 негователки, воспитувачи, педагози, психолози денес ја примиле првата доза на вакцината.
Вчера се вакцинираа околу 200 вработени во системот на социјална заштита како даватели на социјални услуги – 24 часовна грижа за деца без родителска грижа и за лица со попреченост.
„Само заедно, со придржување до мерките и со масовна вакцинација, ќе ја победиме пандемијата од КОВИД-19 . Како министер, но и како доктор по медицина, ги повикувам сите колеги од социјалните институции, старските домови и детските градинки да ја искористат можноста за приоритетна вакцинација и да придонесат за сопственото и јавното здравје.“, апелираше министерката
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар