Регион
Од денеска почнува гласањето на Турците во странство за изборите на 14 мај

Од денеска Турците кои живеат во странство ќе можат да гласаат за претседателските и парламентарните избори во Турција на 14 мај, а најголемата дијаспора од 1,5 милиони ќе го даде својот глас во Германија, јави ДПА. Гласањето во странство ќе биде можно до 9 мај, а само во Германија се отворени вкупно 26 избирачки места.
За претседателските избори во Турција во 2018 година, Германија беше во центарот на жестока дебата, кога претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги обвини германските власти за блокирање на неговата кампања во земјата.
Вакви тензии овој пат не се очекуваат.
По 20 години на власт, Ердоган се соочува со најтешкиот изборен тест досега. Неодамнешните анкети предвидуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател и Кемал Киличдароглу, водач на редок опозициски табор на секуларни, конзервативни и националистички фракции.
Вториот круг меѓу двајцата главни претседателски кандидати ќе се одржи на 28 мај, освен ако гласањето на 14 мај не донесе јасен победник со повеќе од 50 отсто од гласовите.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение