Гостивар
Денови на жалост во Маврово Ростуше и парична помош за погодените од земјотресот
На територијата на Општина Маврово Ростуште до 12 февруари се прогласени денови на жалост во знак на солидарност поради катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на општината Маврово и Ростуше.
„Едногласно од страна на сите советници беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година да се прогласат за денови на жалост во општина Маврово и Ростуше и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат истакнати на половина копје. Едногласно од страна на сите советници беше усвоен предлогот да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во земјотресот. Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Туркије и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи и посакуваме брзо оздравување на сите повредени лица.“, соопштија од локалната самоуправа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар