Поврзи се со нас

Вести

Депресијата коси! Жените се поранливи

Објавено

на

 

Во последните години во Македонија, постојано расте бројот на граѓани кои се соочуваат со депресија. Во пресрет на Светскиот ден на здравјето 7 април, Институтот за јавно здравје излезе со статистика за состојбата со оваа болест меѓу македонското население.

Во изминатите пет години, бројот на депресивни се зголемил за над 35%. Помал дел се лекуваат болнички, но значително е поголем бројот на оние кои добиваат амбулантски третман и терапија во домашни услови. Податоците покажуваат дека жените почесто страдаат од депресија.

Лекарите предупредуваат дека луѓето кои подолго време имаат симптоми на депресија, не треба да посегнуваат по лекови за смирување на своја рака, туку мора да побараат медицинска стручна помош. „Депресијата влијае на луѓето од сите возрасти, во сите сфери на животот, во сите земји. Таа предизвикува ментална болка и влијае на луѓето така што им ја намалува способноста за извршување  дури и на наједноставните секојдневни задачи. Понекогаш може да има и катастрофални последици во однос на семејните и пријателските релации и може да влијае и на можноста за обезбедување на егзистенцијата. Во најлош случај, депресијата може да доведе до самоубиство“, се вели во соопштението од Институтот за јавно здравје.

Како ризик фактори за депресивност се наведуваат:сиромаштијата, невработеноста, животни настани како што се смртта на некој близок, раскинување на блиски врски, физичка болест и последици предизвикани од употреба на алкохол и дрога.

Светскиот ден на здравјето годинава е посветен на оваа болест, а мотото гласи „Депресија, ајде да зборуваме!“

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена