Поврзи се со нас

Гостивар

Дерби на колото се игра во „Младост“: КК Гостивар – Кожув (недела, 17.30 часот)

Објавено

на

Кошаркарската публика во Гостивар по одличното отворање на сезоната на „бело-сините“ (3 победи, 1 пораз) со нетрпение го чека утрешниот натпревар против екипата на Кожув.

Во „Младост“ гостува екипа која претендира пласман помеѓу првите четири екипи на табелета и може да се рече дека е директен конкурент на КК Гостивар. Гевгеличани за оваа сезона имаат големи амбиции, ако се земе во предвид фактот дека овој Кожув е производот на фузијата помеѓу Кожув и Блокотехна, два успешни клуба претопени во еден, реалност е да се удвоени и буџетот и апетитите. Кожув има скор од 3 победи и 1 пораз, ги добија Вардар, Еуроникел и МЗТ 2, загубија од шампионот МЗТ Скопје.

КК Гостивар, кошаркарскиот клуб од западниот дел на земјава, кој нема фузии, финансиски инекции, удвоени буџети со сигурност може да кажеме е најголемото освежување на кошаркарската мапа изминативе години. Бело-сина боја, преполна сала, еуфоричната атмосфера, непредвидливите натпревари во кој нема фаворити станаа препознатлив белег на градот. Во недела избраниците на Србиноски, ќе имаат можност да ја продолжат мини победничката серија против незгодниот Кожув. Во досегашниот дел гостиварци ги совладаа ФМП, МЗТ Скопје и Вардар, пораз од Работнички во второто коло.

Статистиката од меѓусебните пресметки на овие два клуба е на страна на гостиварци, од шест меѓусебни дуели КК Гостивар има 5, Кожув 1 победа.

Натпреварот со Кожув се игра во недела од 17.30 часот, и од МРТВ најверојатно уживаат во својата работа директно да ги пренесуваат натпреварите од Гостивар, па “во живо” ќе оди и оваа дерби пресметка.

Влезници за натпреварот може да се набават во B&B Tobacco, како и на самиот ден на натпреварот на благајна.

Гемиџиите во свој „стил“ ќе го проследат и овој натпревар, собирот е закажан за 16 часот на ДТВ терените, најавени се и навивачите на Кожув, популарните Фантоми со што ќе исполнат сите услови за вистински дерби натпревар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 53 минути

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 55 минути

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 56 минути

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 59 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена