Поврзи се со нас

Гостивар

Детален преглед на барањата на средните училишта во Гостивар за начинот на одржување на наставата

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на утрешната седница ќе ги разгледува барањата на училиштата во Гостивар кои се однесуваат на начинот на одржување на наставата во новата учебна година. Конечната одлука за онлајн настава или со физичко присуство ќе ја донесе Владата.

Во продолжение детален преглед на барањата за сите средни училишта:

Средно општинско економско училиште, врз основа на дописот бр.03-446/3 од 05.09.2020 бара наставата да се одвива со физичко присуство во две смени. Во првата смена има вкупно 12 паралелки со настава на македонски и турски јазик, со вкупно 90 ученици, при што максималниот број ученици во една паралелка не надминува 12.

Во втората смена има вкупно 24 паралелки со настава на албански јазик со вкупно 206 ученици, при што максималниот број ученици во една паралелка не надминува 16.

Средно општинско медицинско училиште  врз основа на дописот бр.03-390 од 15.09.2020г.управата на училиштето одлучи дека медицинското училиште не ги исполнува условите за реализација на настава со физичко присуство, со образложение дека поради големиот број ученици во паралелките и недостаток на простор, невозможно е да се организира таков вид настава. Поради таа причина, управата бара ОНЛАЈН настава.

Средното општинско техничко училиште врз основа на дописот бр.08-519 од 09.09.2020г. се за комбинирана настава, под услов да се исполнети специфичните услови утврдени во барањето до Министерството за образование Управата бара учениците од I и II клас да бидат физички присутни, додека III и IV клас, онлајн настава. Како и практичната настава да се одвивасо физичко присуство од I-IV година.

Средно општинско училиште (гимназија)  врз основа на дописот 02-708 од 10.09.2020г. управата на училиштето бара првите две недели да дојдат во училиште со физичко присуство, сè додека не се прилагодат и ги запознаат наставниците каде при физичкото присуство, децидно ќе се почитуваат протоколите за пандемични состојби. Првите две недели се планира трети клас да започнат со физичко присуство бидејќи и тие гпо менуваат класот и го одредуваат отсекот. По овој период, управата планира да се одржува онлајн настава, но со присуство на наставници во училиштето. Исто така, се планира да се држат скратени чласови од по 35 минути.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена