fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Објавено

на

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба. Се работи за грабежот на пари од банкомат, што се случи на 1 декември лани.

Обвинителството соопшти дека осомничените, четворица македонски државјани и една државјанка на Албанија, претходно го неутрализирале сензорот на алармниот систем во објектот. Потоа, на денот на кражбата со хебли и физичка сила ја отвориле автоматската влезна врата, па со батериска брусилица насилно ги отвориле капакот на банкоматот и сефот кој се наоѓа во долниот дел. Од таму одзеле четири касети во кои имало вкупно 1.800.000 денари, по што брзо го напуштиле местото.

Целата „операција“ од провалувањето, до излегување низ врата со парите траела 3 и пол минути.

Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судија на претходна постапка од гостиварскиот Основен суд достави предлог за определување мерка притвор. Еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево. Судијата го прифати предлогот и на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена. Двајца од нив веќе се спроведени да во притвор, додека едно од машките лица и албанската државјанка се во бегство и по нив се трага.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

анкета:

Дали треба да се воведуваат дигитални учебници во училиштата?

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!