Поврзи се со нас

Македонија

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

Објавено

на

Денес во салата „Борис Трајковски“ во Скопје почнува имунизација против ковид на вработени во МВР, АРМ, јавни служби под ризик, новинари и др. со руската вакцина СПУТНИК. Во упатството за вакцината, објавено на официјалната страница kovid19vakcinacija.mk детално се појаснети мерките на претпазливост, несаканите реакции и информации околу начинот на чување, аплицирање на дозата и слично.

Во однос на ефикасноста се наведува дека клиничките епидемиолошки студии се во тек, а според досегашната анализа, ефикасноста е над 91%.

Во продолжение пренесуваме дел од упатството како и линк кадешто може да се прочита во целост.

Контраиндикации

1.Преосетливост на која било компонента на вакцината или вакцина која има слични компоненти;

2.Тешки алергиски реакции во минатото;

3.Акутни инфективни и незаразни болести, влошување на хронични заболувања – вакцината треба да се администрира 2-4 недели по закрепнувањето или ремисијата. Кај лесни акутни респираторни вирусни инфекции или акутни гастроинтестинални инфекции, вакцината се администрира по нормализирање на температурата на телото

4.Бременост и доење;

5.Возраст до 18 години (поради недостаток на податоци за ефикасност и безбедност)

Мерки на претпазливост

Вакцината треба да се користи со претпазливост во случаи на хронично заболување на црниот дроб и бубрезите, ендокрини пореметувања (видливи аномалии на функцијата на тироидната жлезда и дијабетес мелитус во фаза на декомпензација), сериозни болести на хематопоетскиот систем, епилепсија и други болести на ЦНС, акутен ко ронарен синдром и акутни цереброваскуларни состојби, миокардитис, ендокардитис, перикардитис.

Поради недостаток на податоци, вакцинацијата може да претставува ризик за следните групи на пациенти:

  • со автоимуни болести (стимулација на имунолошкиот систем може да доведе до егзацербација на болеста, и затоа треба да се биде посебно претпазлив кај овие пациенти);
  • со автоимуно нарушување што има тенденција да доведе до сериозни и опасни по живот состојби;
  • со малигни неоплазми.

Одлуката за вакцинирање треба да се заснована проценка во односот корист/ризик кај секоја специфична ситуација.

Несакани реакции

Несаканите реакции специфични за употребата на вакцината, откриени во клинички испитувања и студии на други вакцини врз основа на слична технолошка платформа, претежно се со лесна или средна тежина и може да се развијат во текот на првиот или вториот ден по вакцинирањето и обично се намалуваат во рок од 3 дена.

Најчестите вклучуваат краткотрајни општи реакции(синдром сличен на грип кој се карактеризира со студ, треска, артралгија, мијалгија, астенија, нелагодност, главоболка) или локални реакции (осетливост на местото на инјектирање, хиперемија, оток). Нестероидни антиинфламаторни лекови(НСАИЛ) се препорачуваат во случај на треска по вакцинација и антихистаминици за изразени локални реакции. Помалку честите реакции вклучуваат гадење, диспепсија, губењенаапетит,повремено-зголемени регионални лимфни јазли. Некои пациенти може да развијат алергиски реакции.

ЛИНК до целото упатство.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 31 минута

Невреме во Турција, торнадо кај Измир и откорнати дрвја, оштетени возила

Македонијапред 4 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 5 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 6 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 7 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 8 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 21 час

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена