Поврзи се со нас

Гостивар

Детали за аплицирањето и условите за финансиска помош за плати

Објавено

на

Аплицирањето за финансиска поддршка за исплата на плати започнува со електронско поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за работниците преку системот е-даноци. Работодавачот на кој му е прифатено Барањето, во МПИН пресметката, во полето 3.4б за работниците за кои побарува финансиска поддршка треба да внесе шифра 5001, а УЈП по обработката на МПИН образецот, ќе го информира работодавачот за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец. Оние работодавачи, кои освен финансиската поддршка за исплата на плата за работниците, имаат право да користат и мерка субвенционирање на социјалните придонеси и/или данок на личен доход, во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесуваат соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинираат со шифрата 5001.

По обработка на податоците УЈП ќе ја информира Владата за тоа кои работодавачи ги исполниле условите за финансиска поддршка, заради натамошна исплата на финансиските средства кои преку Владина програма за финансиска поддршка ќе се исплаќаат до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.
Во продолжение условите кои треба да бидат исполнети за да се овозможи финансиската поддршка за исплата на плати за работниците:

  1. Остварениот приход на работодавачот во референтниот период од април до септември 2020 година да е намален за повеќе од 30%, споредено со истиот период минатата година за исплатата на плата за октомври, односно референтниот период од април – октомври 2020 со истиот период во 2019 за поддршката за ноември, односно референтниот период април- ноември 2020 со истиот период во 2019 за финансиската поддршка за декември.
  2. Бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка да е ист или поголем во однос на бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година со исклучок на оправданите основи за престанок на работен однос.
  3. Работодавачот не исплатил и нема да се изврши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот – барател на финансиска поддршка, до денот на исплатата на платата за месец декември 2020 година
  4. Работникот за кого бара финансиска поддршка, нема остварено нето плата поголема од 39.000 денари за месеците јуни, јули, август или септември 2020 за секој месец одделно и сразмерно на часовите на пријавено работно време
  5. Работодавачот нема да исплатува нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиската поддршка на повеќе од 10% од вкупниот број на вработени
  6. За работникот за кого се бара финансиска поддршка, работодавачот не користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (за мерките од проектот “Македонија вработува”)
  7. Работникот за кој бара финансиска поддршка не е работник пријавен на дополнително работно време согласно член 121 од Законот за работните односи
  8. Во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година, има остварено кумулативно акумулирани добивки пред оданочување помали од 600.000.000 денари, односно поголеми од 600.000.000 денари ако има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот за кој користи финансиска поддршка
  9. За времетраење на финансиската поддршка и два месеци после месецот за кој е користена финансиската поддршка , нема да го намали бројот на вработените освен заради : пензионирање и смрт на работник, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски, спогодбено преземање на работник, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.

Оправданите намалувања на број на вработени кај работодавачот – корисник на финансиска поддршка не смее да се намали за повеќе од: 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени, односно 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени , односно 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.
Висината на износот на финансиската поддршка по вработен ќе зависи од степенот на намалениот приход на работодавачот:

  • За намален приходот од 30,01% до 40% финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен
  • За намален приход од 40,01% до 50% финансиска поддршка 15.955 денари по вработен –
  • За намален приход од 50,01% до 60%, финансиска поддршка до 17.410 денари по вработен –
  • За намален приход од 60,01% до 70%, финансиска поддршка до 18.865 денари по вработен
  • За намален приход од 70,01% до 80%, финансиска поддршка до 20.320 денари по вработен
  • За намален приход од над 80% финансиска поддршката 21.776 денари по вработен.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 2 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 4 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 5 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 6 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 8 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена