Поврзи се со нас

Гостивар

Детали за вчерашната сообраќајна несреќа кај Мавровска крстосница

Објавено

на

Во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи околу 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево во близина на Мавровска крстосница, учествувале две патнички возила. Патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Гостивар  и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(68) од Тетово, соопшти полицијата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф. – сопатничка од возилото „БМВ“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена