Поврзи се со нас

Македонија

Детално! Новите правила за во маркети, дуќани, пошти и банки

Објавено

на

Владата вчера донесе уредби за примена на законите за трговија, поштенски услуги и банки за време на вонредна состојба.

Во делот на трговијата се утврдува дека во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице. Трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот, а вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат постојано во текот на работното време.

Во делот на поштенските услуги за време на вонредна состојба, давателите се должни да обезбедат редарска служба при влезот, во внатрешноста и при излезот на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбеди спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на корисникот на поштенската услуга кој влегува во објектот.

Давателите на поштенски услуги се должни да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците на поштенските услуги пред и внатре во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од најмалку два метри и тоа: пред секој пункт/шалтер на кои граѓаните пристапуваат за вршење поштенска услуга, како и пред влезот на објектот.

Уредбата ги задолжува давателите на поштенски услуги најмалку еднаш неделно да вршат превентивна дезинфекција во објектите.

Банките и штедилниците се должни да обезбедат редарска служба при влезот во и при излезот од објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбеди спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и да не дозволи влез во објектот на лица кои не носат заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот .

Банките и штедилниците се должни да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците пред и внатре во објектот на растојание од најмалку два метра и тоа пред секој шалтер на кој корисниците пристапуваат за вршење финансиски услуги, како и во дијаметар од 10 метри пред влезот на објектот.

Согласно уредбата банките и штедилниците се должни на вработените лица кои работат во објектите или имаат контакт со клиенти да им обезбедат заштитна опрема (ракавици и маски) кои се должни да ги носат во текот на целото работно време.

Уредбата определува дека во банките и штедилниците во исто време, заедно со вработените, не смее да има:

– повеќе од 5 лица во просторија до 50 квадратни метри;

– повеќе од 10 лица во просторија од 50 до 100 квадратни метри;

– повеќе од 15 лица во просторија од 100 до 200 квадратни метри и

– повеќе од 20 лица во просторија над 200 квадратни метри.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена