Гостивар
Детално за новите мерки: Забрането е и издавање викендици за групни прослави

Објавено
пред 1 месецна

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, поддржани и од Главниот координативен штаб за дополнителни рестриктивни мерки во периодот од 18 декември до 20 јануари.
Согласно овие препораки, Владата одлучи да се ограничи работата на угостителските објекти, наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт). Дополнително, работата на угостителските објекти до 18 часот, да биде спроведена во рамките на веќе усвоените протоколи за работа.
Владата ја прифати препораката да се забрани организацијата и одржувањето на било каков тип на новогодишни прослави и прослави на верските празници, како и забрана за организирање на Нова Година на отворен и затворен простор во организација на сите физички и правни субјекти, вклучувајќи ги и јавните институции, и во оваа насока им се укажува на општините, како и на сите организации основани од локалната самоуправа, дека се забранува било какво групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници и доколку истите веќе имаат организирано, да се откажат.
Во овие мерки е вклучена и забрана за хотелите за организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници и доколку истите веќе имаат организирано новогодишни прослави, да ги откажат како и функционирањето на хотелите да биде во рамките на веќе усвоените протоколи за работа.
Во угостителско сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели и слично) во нивните ресторани се ограничува работното време до 21 часот и да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците, и се ограничува работното време во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти заклучно до 18 часот.
Со овие дополнителни мерки, Владата им укажува на верските заедници за забраната од организирање и групно собирање на, во и околу верските објекти, по повод претстојните верски празници, вклучително и со препораките за прослави во домашни услови, во викендици и низ разни објекти во туристичките локации.
Новите мерки опфаќаат и забрана за давање под наем на викендици и други туристички капацитети за сместување, за групно собирање и организирање на прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за давање под наем на лица од едно исто семејство.
За успешно спроведување на мерките Владата препорачува засилени контроли и инспекциски надзори од страна на полициските службеници и надлежните инспекторати за почитување и спроведување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, во претстојниот период на новогодишни и верски прослави кои ќе започнат да се применуваат од 18 декември 2020 година до 20 јануари 2021 година.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:
АНКЕТА:

УЈП го продолжи рокот за даночни пријави до 29 јануари

Убедлива победа на ЖКК Гостивар, совладана екипата на Пантери (70-44)

АСОМ: Над 8.000 вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување ако се усвојат предлог измените на Законот на игрите на среќа

Инспекцијата затвори локал во Градец, имало 7 гости по дозволеното работно време

Од 2013 тестирања, регистрирани 347 нови случаи на ковид-19 во земјава

ПИСМА: Граѓани алармираат за купишта ѓубре на православните гробишта во Млаки

Дури 70.000 луѓе стравуваат за работните места заради новиот закон за игри на среќа

Гостиварец нападнат и каснат од куче скитник

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Џоџо Вокер нов плејмејкер на гостиварци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Нова „Мега акција со Мега ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ