Поврзи се со нас

Вести

 Децата преку цртежите ги изразуваат своите чувства

Објавено

на

 

Многу истражувања покажале дека цртежот како средство преку кое детето се изразува е тесно поврзан со психофизичкиот развој на детето.

Првите истражувања во таа насока ги направил  F.Goodenough  низ својата техника „ Цртање на човечка фигур “. Својот тест го насочила во правец на тестирање на менталната здрелост и е погоден за тестирање на деца од третата до тринаесетата година.  Искуството на Гудинаф покажало дека до три години децата шкртаат низ листот, првиот облик на човек може да се забележи кај деца од три годишна возраст во почетокот нивниот цртеж се состои од круг. На четиригодишна возраст детето кругот го исполнува со цртање на очи и уста. Деца на пет и шест годишна возраст освен глава ги цртаат  телото и нозете, но изостануваат рацете. На седумгодишна возраст се појавуваат  рацете, ушите, стопалата и прстите на рацете. Осумгодишните деца ги поврзуваат деловите во целина. Во цртежите кај деветгодишните деца  може да се направи разлика помеѓу машката и женската фигура.

Од анализата на цртежот  се добиваат голем број на податоци, покрај проценка на менталната зрелост се добиваат податоци кои се однесуваат на психичкиот развој на детето. Покрај  цртежот на човечка фигура, F.Minkowska на децата им дала да нацртаат   „Моето семејство, јас, мојата куќа “. Во тие цртежи се оценува улогата на поедини членови на семејството, нивните меѓусебни односи. При анализа на овие цртежи не се зема во предвид само конкретниот цртеж туку целокупното однесување на детето додека црта. Со помош на оваа техника  Минковска акцент става на личните црти, конфликтите, емотивните ставови на особата која се тестира.

Во детските цртежи  доаѓаат до израз детските чувства, конфликтите коишто ги имаат во контактот со другите лица, емоционалната напнатост како и други лични проблеми. Детскиот цртеж  се користи и како психотерапевтско средство, преку него доаѓаат до израз, душевните проблеми, нерешени емотивни конфликти кои се многу важна појдовна точка во психотерапијата.

 

(следува: Развојот на детскиот цртеж)

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена