Поврзи се со нас

Култура

Децата се најверните читатели во градската библиотека во Гостивар

Објавено

на

Дали гостиварци читаат книги, се развива ли култура на читање во градот и каква литература преферираат љубителите на пишаниот збор? Одговорите на овие прашања ги побаравме во градската библиотека во Гостивар, која функционира во склоп на Центарот за култура АСНОМ. Библиотеката е поделена во два оддела, за деца и за возрасни и располага со над 65 илјади наслови, а секоја година книжниот фонд се збогатува со нови наслови.

Теута Османи, виш библиотекар оценува дека најверни читатели на гостиварската библиотека се учениците, кои освен задолжителните лектири, позајмуваат и други книги за читање. Според неа љубовта кон читањето и навиката да се другарува со книгата кај гостиварци треба повеќе да се негуваат, со што би се зголемило и членството во библиотеката.

„Од моето дванаесетгодишно работно искуствово библиотеката, може да кажам дека учениците се најголемата читателска публика. Секако дека децата во денешно време се обземени од интернетот и социјалните мрежи, што претставува еден вид проблем, но сепак читаат и книги. Свесни се дека од книгите ќе добијат многу повеќе знаење, информации, ќе имаат поголемо доживување. Сепак, генерално сметам дека граѓаните треба многу повеќе да читаат, да посветуваат внимание и време на книгите, кои се навистина непроценливо богатство“, вели Османи.

Годишната членарина во градската библиотека во Гостивар изнесува 300 денари. Во одделот за деца има околу 800 членови, додека кај возрасните 310. Меѓу нив има редовни и одговорни читатели, но и такви кои забораваат подолго време да ги вратат позајмените книги.

„Сите членови ние ги евидентираме, запишуваме кога се земени книгите и доколку не се вратат навреме, потоа ги контактираме и ги потсетуваме, обично телефонски. Има и неодговорни читатели, кои ги задржуваат книгите со месеци, па мораме да ги посетиме и дома за да ги побараме книгите назад. Ги вложуваме сите напори, сите позајмнеи книги да се вратат на полиците на библиотеката, за да потоа бидат на располагање на другите што сакаат да ги прочитаат“, нагласи Османи.

Како најчитани автори во библиотеката се издвојуваат: Николас Спаркс, Пауло Коељо, Гијом Мисо, Сидни Шелдон и други, додека најомилен автор за децата и младите е македонскиот писател Горјан Петревски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена