Поврзи се со нас

Гостивар

Детска недела во градинките во Гостивар – Хуманоста се учи од мали нозе

Објавено

на

Во рамки на одбележувањето на Светската недела на детето, во гостиварските градинки  Цветови, Пчелка и Пролет, Црвениот крст на Гостивар организиранаше хуманитарна акција. Дечињата донираа облека, обувки, играчки, а во знак на благодарност за хуманоста што ја искажуваат добија скромни подароци.

Настанот покажа дека дечињата од рана возраст со задоволство учат за вистинските вредности на солидарност и хуманост и знаат искрено да се радуваат на малите нешта.

„Овој настан ни стана како традиција и секоја година волонтерите од Црвениот крст доаѓаат кај нас во хумана мисија. Дечињата со радост донираат и токму тоа е нашата цел, да ја разбудиме хуманоста во најмалите“, изјави Мирјана Мицоска, директорка на ЈУ „Детска радост“ Гостивар.

Црвениот Крст ќе ги распредели донациите кои ги собраа дечињата до социјално загрозени семјества.

„Навистина радува фактот што и најмалите се вклучуваат во вакви акции, се учат колку значи кога помагаш некому кому му е потребно. Хуманостa се стекнува од најмала возраст и со текот на годините може само да расте“, рече по повод настнот Горан Михајлоски од Црвениот крст.

Светската недела на детето традиционално се одбележува секоја прва седмица од месец октомври. Освен денешната акција, во рамки на неделата во гостиварските градинки беа организирани посети на кошаркарите од КК Гостивар, на ученици и професори од музичкото училиште и други интересни активности за дечињата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена