Гостивар
Деведесетина невработени од Гостивар ќе добијат по 5.000 евра за сопствен бизнис, а се пријавиле над 170

Огромен интерес за користење на грантови од државата за самовработување покажале невработените од гостиварското подрачје. Според евиденцијата на Центарот за вработување за само три дена, колку што траел јавниот оглас, за оваа мерка од владиниот Оперативен план се пријавиле 172 лица. Сепак, постојат одредени услови кои мора да се исполнат и не може сите кои поднеле барање да ги добијат парите, кои се поддршка за отворање на сопствен бизнис. Службите ја проверуваат документацијата, по што ќе следува селекција на кандидатите.
За Гостивар предвидено е да се доделат грантови за 90-тина невработени. Тие ќе добијат по 5.000 евра неповратни средства во вид на репороматеријали или опрема за да разработат своја фирма.
„Многу голем интерес има за мерката грант за самовработување со неповратни средства. Огласот траеше три дена и се пријавија 172 кандидати. Тие пополнуваа прашалници и сега сме во очекување на резултатите, односно бодувањето, според кое ќе се направи селекција, кој ќе добие грант. Понатаму треба да следуваат обуки за оние кои ќе бидат избрани, а како и кога тоа ќе се прави зависи од состојбите со пандемијата.“, рече Хисен Амзаи, раководител на Центар за вработување Гостивар
Останати државни мерки за кои изминатиот период фирми и невработени лица од подрачјето на Гостивар поднесувале пријави се: субвенционирање на плати и практиканство. За субвенционирање на плати се пријавиле 32 фирми и во тек е процедурата за проверка дали ги исполнуваат условите. За практиканство аплицирале 102 компании за 110 практиканти.
Според последните податоци од Агенцијата за вработување, во регионот на Гостивар заклучно со 31 март евидентирани се 10.740 невработени граѓани.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар