fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Девет кандидати конкурираат за едно место професионален војник во Армијата

Објавено

на

На новиот оглас за прием на 200 професионални војници, се пријавиле околу 1.800 кандидати. Во моментов на воениот стадион во Скопје се вршат физички проверки на кандидатите.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денес ги посети кандидатите и ја следеше обуката.

„Првиот конкурс пред 3 години на кој што баравме 125 професионални војници собра некаде околу 200 кандидати и беше тешко од тие кандидати да се најдат луѓето кои што ги исполнуваат сите услови. Три години поминаа, вложувавме во Армијата, вложувавме во одбраната и затоа на почетокот на годината за 70 места имавме 700 кандидати. Сега кога распишавме конкурс за 200 војници добивме над 1800 кандидати и тоа покажува дека Армијата ќе се подмладува и дека Армијата може да се подмладува само ако вложите во повисоки плати, во подобра опрема, во подобар имиџ и се разбира ако вложите во подобри шанси за сите оние кои што работат во Армијата“.

Таа додаде дека зголемениот интерес на младите да пристапат во Армијата е резултат и на нашето членство во НАТО, а со поголем број кандидати, Армијата ќе добие квалитетен кадар.

Сподели:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!