Гостивар
Девет лица со симптоми на труење ноќеска завршиле на инфективно во Гостивар

Девет млади лица вчеравечер биле пренесени на инфективното одделение во Гостивар поради симптоми на труење со храна. Како што информира за Gostivarpress.mk инфектологот д-р Ратко Наумоски, во моментот на хоспитализацијата кај неколкумина од нив симптомите биле посериозни, но по добиената терапија сите во подобрена и стабилна состојба се пуштени дома.
„Првиот пациент беше примен во 21.45 часот, хоспитализиравме вкупно девет. На сите им беше дадена соодветна терапија и до утрово во стабилна состојба се пуштени на дома. Пациентите имаа симптоми на труење со повраќање, дијареа, грчеви во стомакот и малаксаност, за среќа успеавме да ги рехабилитираме сите.“, изјави д-р Наумоски.
Екипа од Центарот за јавно здравје зела примероци за испитување и извршила анкета со пациентите, по што ќе се утврдува причината за труењето.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог