Вести
Девојче од Гостивар го повредило `рбетот во училиште паѓајќи од стол
Тринаесетгодишно девојче од Гостивар со тешки повреди е пренесено на скопските клиники. Повредите на `рбетот ги здобило по пад од столче.
Според информациите од СВР Тетово, до настанот се случил во ОУ „Единство“ утрово околу 10.30 часот во една од училниците на големиот одмор. Девојчето се нишало на столче и во еден момент ја загубило рамнотежата и паднало на подот. Набрзо по повредувањето било згрижено на ургентното одделение во гостиварската болница, каде ѝ биле констатирани повреди на пршлен од ’рбетниот столб. Заради тежината на повредата, тоа е префрлено клиниката за трауматологија во Скопје.
Од СВР Тетово информираат дека работат на расветлување на околностите и начинот на кој девојчето било повредено.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден