Вести
Девојки од Албанија, Србија, Косово нелегално работат низ локалите во гостиварско и тетовско

Во деветте месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи Тетово реализирал вкупно 16 акциски контроли за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на поширокото полошко подрачје. Половина од нив биле во угостителски локали на тетовските, а половина на гостиварските простори поради сомнение дека постои проституција или трговија со луѓе. Во акциите, вкупно откриени биле 44 странски државјанки, од кои 22 од Албанија, 16 од Србија, 5 од Косово и една од Бугарија. Во акциите биле затекнати и 30 македонски државјанки. Девојките од странство во најголем број го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта и непријавено работеле, најмногу како пејачки и танчерки, но и како друг угостителски персонал, келнерки, шанкерки, соопштува полицијата.
По нивното откривање, кусо приведување и задржување во Секторот за внатрешни работи Тетово, предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, а потоа изведени пред судија за прекршоци на Основните судови во Тетово и Гостивар. Девојките се депортирани во матичните земји, со соодветни парични глоби и забрани за влез во Република Македонија. , од една до пет години, непријавените
Анализите на СВР велат дека споредено со претходните години, лани и годинава значително намален е бројот на странските државјанки на полошкото подрачје.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!