Гостивар
Дезинфекција и миење на контејнерите и улиците во Гостивар како превенција од корона

Општина Гостивар, во соработка со Јавните претпријатија презема засилени мерки околу јавната хигиена, во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.
Екипи на претпријатијата во вечерните часови вршат миење на главните градски улици, како и дезинфекција на контејнерите за отпад.
„Ги дезинфициравме контејнерите за отпад, исто така се мијат и улиците. Сето ова се презема со цел за поголемо ниво на хигиена и да се намали можноста од ширење на вирусот“, рече директорот на ЈП „Комуналец“, Исак Лазами.
Од гостиварската локална самоуправа соопштија дека акцијата ќе продолжи и ќе се засилува и во наредните денови.
Чистењето и дезинфекцијата ќе се врши во главно во вечерните часови, односно по 21 часот, кога движењето на возила и пешаци е со намален интензитет.
Општина Гостивар апелира до граѓаните строго да се придржуваат кон препораките на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на РСМ.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо