Гостивар
Дезинфициран гостиварскиот дел од магистралата по зголемената фреквенција на возила пред викенд карантинот
Превентивно синоќа, екипи на гостиварското јавно претпријатие Комуналец извршија дезинфекција на дел од сообраќајницата Гостивар-Кичево, поради зголемената фреквенција на возила пред викенд-каратинот.
„Сметавме дека е разумно да се направи миење и дезинфекција на патот, заради фактот што возилата доаѓаа главно од подрачје со висок ризик од „Ковид-19“, како скопскиот регион. Ние како претпријатие ги дезинфициравме не само улиците, туку и поголем дел од зградите за колективно домување, во време кога бројот на заразени беше значително помал и на локално и на државно ниво“, се вели во изјавата на техничкиот директор на ЈП Комуналец, Фатон Абдулаи која ја пренесе општинскиот сектор за информирање.
Во четвртокот, неколку часа пред да почне карантинот, колони возила од Скопје и Тетово се упатија накај туристичките места Маврово, Охрид и Струга.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
1 Коментар