Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Џабе редовно вежбање ако исхраната е лоша

Објавено

на

Истражувачи од Универзитетот на Сиднеј, Австралија, откриваат дека луѓето кои вежбаат редовно, но се хранат лошо, се изложени на иста опасност од срцеви заболувања, рак или друга болест како и оние кои го јадат истото, но не вежбаат.

Иако постојат значителни општи придобивки кај вежбањето, вклучувајќи го целокупното здравје и можните естетски придобивки, истражувачите предупредуваат дека здравата исхрана е, сепак, од суштинско значење. Многу луѓе кои не внимаваат што јадат, веруваат дека тоа ќе го надоместат само со вежбање… Науката вели – тоа не оди така.

– И редовното вежбање, и здравата исхрана играат важна улога кога станува збор за здравјето и долговечноста… Оваа студија ја нагласува важноста и на физичката активност и на квалитетната исхрана во постигнување на најголемо намалување на опасноста од смртност, вели Мелоди Динг, вонреден професор на Универзитетот на Сиднеј.

Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во британскиот „Журнал“ за спортска медицина (British Journal of Sports Medicine), собраа податоци од 360.600 возрасни лица од Велика Британија, поточно „Ју-кеј биобанк“.

Секој од учесниците бил категоризиран врз основа на пријавени обрасци на јадење и вежбање. Луѓето кои јаделе најмалку пет порции овошје и зеленчук секој ден, редовно консумирале риба, а поретко црвено месо, се оценети во графата за најсооодветна исхрана.

Во посебна група се ставени оние кои редовно вежбаат, а не практикуваат  здрава исхрана. Истражувачите потоа ги споредиле стапките на смртност од сите причини во период од 11 години меѓу сите луѓе чии податоци биле собрани. Откриено е дека луѓето со висококвалитетна исхрана и редовно вежбање имаат 17 отсто помала можност да починат од која било причина отколку претходните лица.

– Почитувањето на квалитетна исхрана и физичка активност се важни за оптимално намалување на опасноста од смрт од сите причини, како што се кардиоваскуларни болести и рак, рече коавторот на трудот, Џо Ван Бускирк.

Оние во најздравата група имале 19 отсто помали шанси да починат од срцеви заболувања и 27 отсто помали шанси да умрат од рак во однос на оние кои не внимаваат на исхраната.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 7 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 8 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 9 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 11 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 12 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 14 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 15 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена