Поврзи се со нас

Свет

Џамијата Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

Објавено

на

Џамијата Балиу во албанскиот град Елбасан, ја освои првата награда за „Најубава верска архитектура во светот“ на меѓународниот натпревар „Зграда на годината 2025“ организиран од ArchDaily, најголемата глобална платформа за архитектура и дизајн.

Според муслиманската заедница на Албанија, оваа значајна награда ги потврдува уникатните вредности на оваа џамија, која ја комбинира традиционалната исламска архитектура со модерни елементи, создавајќи инспиративен простор за верниците и извонредно архитектонско уметничко дело.

Употребата на автентични материјали како камен, дрво и бакар, природно осветлување и симболични детали го прават овој култен објект иновативен модел и скапоцено богатство за албанското верско и културно наследство.

  • Изборот и победата на џамијата на Балиу на овој престижен натпревар е несекојдневен настан не само за муслиманската заедница, туку и за цела Албанија. Како единствен верски објект во Европа, што ја добил оваа награда, џамијата сега е ставена во центарот на меѓународното внимание, што докажува дека албанското наследство и архитектура имаат важно место на глобалната сцена. Ова меѓународно признание е доказ за важноста на исламското наследство во Албанија и неуморната работа за зачувување и промовирање на духовните и архитектонските вредности на нашата земја, се наведува во соопштението на Муслиманската заедница на Албанија.

Исто така се додава дека овој успех немаше да биде возможен без придонесот и поддршката од различни страни.

  • Посебна благодарност до архитектот Јуртин Хајро и Commonsense Studio за нивната визија и посветена работа во реализацијата на ова величествено дело. Исто така, благодарност до Амбасадата на Кувајт и сите оние кои великодушно ја поддржаа изградбата на оваа џамија и кои одиграа важна улога во реализацијата и финализирањето на овој монументален проект, наведува Муслиманската заедница.

Џамијата е со површина од околу 1.900 метри квадратни, се наоѓа во центарот на градот, и се состои од четири ката, кои покрај местото за молитва, вклучуваат и конференциски сали и канцеларии за персоналот на муфтиството во Елбасан.

Првиот објект на џамијата, според записите на Евлија Челебија, кој ја посетил истата, бил граден од 17 април 1608 до 6 април 1609 година. Градителот за оваа џамија напишал: „За доброто на Бога, Хасан Балиу го изградил овој Божји дом, кој наликува на рај“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 10 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 14 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 15 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 16 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 18 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена