Гостивар
Џеват Салиу од Гостивар со признание за ангажман за правата на медицинските сестри

Во рамки на одбележувањето на Неделата на сестринството и Денот на медицинските сестри, 12 мај беше одржана Свечена академија на која беа доделени признанија за хуманост и особен придонес и развој на сестринството во земјава. Одбележувањето, традиционално го организираше Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас”.
Гостиварецот Џеват Салиу, медицински техничар во општата болница во Гостивар, претседател на Здружението на мед.сестри,техничари,акушерки и лаборанти Албанци –Гостивар и координатор на Унијата на Здруженија, беше еден од добитниците на признание. „После многу години ангажман за подигнување на квалитетот и услугите во здравството, воспоставивме добра соработка и се сплотивме во една Унија на Здруженија со околу 7.000 членови. Голема заслуга за создавањето на оваа Унија има сестра Гордана Бешлиовска, Претседател на Здружението За Нас, која за прв пат после колку години не` контактираше и не` повика на соработка и сплотување, да можеме да се бориме за нашите права и да дојдеме до закон за сестринство и Комора на сестри. Признанието ми беше доделено како резултат на добрата соработка и големиот ангажман за правата на сестрите во Република Северна Македонија.“, рече Салиу, кој е дел од интерното одделение и зад себе има работен ангажман во гостиварската болница од 23 години.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош