Вести
Џо Фурстингер – втората „бомба“ на КК Гостивар
После потпишувањето во понеделникот со американецот Канти, КК Гостивар утрово го најави и новото засилување на центарската позиција, Џо Фурстингер.
Фурстингер, доаѓа од тимот на Њу Мексико Лобос кој се натпреварува во Универзитетската лига на САД. Има 22 години, висок е 206 сантиметри. Минатата сезона ја одигра со просек од 10.4 поени и 6.8 скока по натпревар. До сега нема настапувано надвор од САД, за првпат ќе се проба на европско тло.
Со доведувањето на Фурстингер на центарската позиција, гостиварци би требало да го затворат ростерот. Тренерот Србиновски ќе има квалитетен состав пред почетокот на припремите, се очекува деновите од клубот да објават детали околу плановите и почетокот на припремите за новата сезона.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград