Спорт
Дибала одби 75 милиони евра, останува во Рома

Изненадувачки пресврт се случи околу трансферот на Пауло Дибала во саудиски Ал Кадсија. Аргентинецот важеше за сигурно ново засилување на овој клуб, но зделката пропадна во последен момент и тој ќе остане во неговиот сегашен клуб Рома. Веста ја пренесоа речиси сите авторитетни италијански медиуми, меѓу кои и експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Дибала во четвртокот наутро се прости од соиграчите и од стручниот штаб на Рома, очекувајќи дека нема да се врати во клупската база. Сепак, се чини дека и во иднина ќе продолжи да го носи дресот на „волците“.
Според различни извештаи, постојат две верзии за неуспехот на трансферот. Првата е што самиот Дибала во последен момент се предомисли и решил да остане во Рома, отфрлајќи ја преголемата сума од 75 милиони евра што му ја нудеа Саудијците. Другата верзија е дека Рома ја отфрлила зделката, бидејќи не била задоволна со тоа што за својата ѕвезда ќе добие само 3-4 милиони евра.
Дибала имаше откупна клаузула од 12 милиони евра, но таа истече на 31 јули. Неговиот договор е до следното лето, но во него има клаузула за автоматско продолжување доколку одигра најмалку 14 натпревари во текот на кампањата, што е речиси сигурно дека ќе се случи.
Триесет годишниот напаѓач ја објави својата одлука да остане во Рома со видео на социјалните мрежи со порака: „Благодарам Рома! Се гледаме во недела“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог