Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Диети за подолг живот препорачани од Харвард

Објавено

на

Истражувачи од Универзитетот Харвард посочија четири шеми на здрава исхрана коишто можат да помогнат во намалување на ризикот од прерана смрт до 20 отсто. Новото истражување објавено во медицинското списание „JAMA“ ја испитува врската меѓу диетите и прераната смрт од оваа болест кај Американците. Д-р Френк Ху, професор и претседател на Одделот за исхрана на Харвард, изјави рече дека нивните наоди за здравствените ефекти од Упатствата за исхрана на САД се најопсежни досега.

– Од клучно значење е да се испита поврзаноста меѓу моделите на исхрана препорачани од ДГА (американското Здружение за здравствено и пензиско осигурување, б.п.) и долгорочните здравствени резултати, особено смртноста, рече Ху.

Тимот на Ху анализираше четири здрави начини на исхрана – од коишто сите вклучуваат и нагласуваат цели зрна, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки…

Испитувањата ги следеле 75.000 жени и 44.000 мажи испитаници. Тие биле оценети според тоа колку внимателно го следат секој утврден начин на исхрана, со помош на прашалник што се спроведувал на секои четири години. Никој не бил дијагностициран со кардиоваскуларни болести во времето кога ја започнале студијата, а малкумина биле пушачи.

Учесниците кои ја промениле исхраната за да ја направат 25 отсто поздрава – интегрирајќи само еден од плановите за здрава исхрана, потенцијално би можеле да ја намалат опасноста од смрт од рак за 7 – 18 насто, од кардиоваскуларни болести за 6 – 13 насто, од заболувања на дишните патишта за 35 – 46 отсто и од невродегенеративните болести за седум насто.

– Тоа значи дека имаме голема флексибилност во однос на создавањето наши сопствени начини на здрава исхрана што може да се прилагодат на личните вкусови за храна, здравствени услови и култури, појасни Ху.

Медитеранската диета – прогласена за најдобра диета во 2023 година од страна на „Ју-ес њуз енд ворлд репорт“ (US News & World Report) шеста година по ред, ја нагласува важноста на квалитетни извори и „полноста на вашата чинија“ со интегрална храна и житарки со хранливи материи. Нагласката тука е кај свежо произведени посни протеини, како што се риба и пилешко, и, се разбира, маслиново масло богато со антиоксиданси.

Здравата растителна исхрана – е слична на медитеранската, со тоа што се сосредоточува на растителната основа, а и ги отстранува животинските производи, вклучително и сирењето. За истражувачите на Харвард, исто така, позитивно е и помалото консумирање алкохол, како и „понездравата“ храна на растителна основа, како што е пржениот зеленчук.

Диететски упатства за Американците – метрика создадена од министерствата за здравство и за земјоделство во САД, заради мерење на квалитетот на исхраната. Овој систем препорачува повеќе растителна храна, помалку масни животински протеини и млечни производи, како и уште помалку црвено и преработено месо, шеќер, нездрави масти и алкохол.

Индекс на алтернативна здрава исхрана – тој е развиен од истражувачите од Харвард за ова истражување. Ги вклучува речиси истите намирници и хранливи материи поврзани со низок ризик од хронични болести.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 1 недела

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 6 дена

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена