Поврзи се со нас

Интервју

„Дијабет тип 2 може да се излекува“ Интервју со Др. Александар Митов

Објавено

на

„До пред неколку години, тврдењето дека дијабетот е реверзибилен, дека може да се излекува, не му доликуваше на еден лекар. Денес, ако лекарот не знае дека ова тврдење е точно – значи дека тој не чита најнови научни студии и дека не го следи трендот на науката.

Д-р АЛЕКСАНДАР МИТОВ – Магистер по здравствена екологија и влијанија на животната средина врз здравјето.

Дипломира медицина на Медицинскиот Факултет во Скопје како првенец на генерација. Магистрира Здравствена екологија на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health, а подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина во Кембриџ, Велика Британија.

 

ЕНАУКА: Д-р Митов, Вие тврдите дека дијабетот е реверзибилна состојба, односно дека е можно да биде излекуван. На што го темелите тоа тврдење?

Д-р МИТОВ: Најнапред, тоа не е мое лично тврдење, туку резултат на значителен број научни студии, како и на работа со пациенти, се разбира.

Дозволете да цитирам само неколку примери: прво, ќе се повикам на научна студија објавена годинава во април од страна на Универзитетот Newcastle во Англија. Според зборовите на Проф. Тејлор, главен истажувач во оваа студија, станува збор за „радикална промена на нашето сфаќање на дијабетот тип 2”. Имено, тој и неговиот тим докажале дека со драстични промени во исхраната можно е да се постигне континуирана ремисија на дијабет во должина од 6 месеци (или, кажано на немедицински речник, тоа значи дека дијабетот кај тие пациенти се повлекол). На тој начин, тие дошле до заклучок дека дијабет тип 2 е реверзибилна состојба.

Второ, позната е долгогодишната работа на Д-р Бернард кој има издадено неколку книги и многу научни студии на тема лекување на дијабет тип 2. И кај него, главната интервенција се однесува на правилната исхрана како и редовната физичка активност. Д-р Бернард долги години работи директно со пациенти, не само на ниво на наука и теорија, и има докажано дека не само што се намалува потребата од лекови за дијабет, туку дека е можно истите целосно да бидат исклучени.

Трето, постојат уште долга низа на научници и лекари како Д-р Орниш, Д-р МекДугал, Д-р Еселстин, Д-р Фурман и други, кои секојдневно, преку својата пракса им помагаат на огромен број луѓе да го променат својот начин на живот и да постигнат изненадувачки резултати.

ЕНАУКА: На кој начин се постигнати тие резултати?

Д-р МИТОВ: Главната интервенција кај овие пациенти се однесува на исхраната и физичката активност. Тоа навидум изгледа едноставно, но станува збор за прилично комплексен и долг процес. Знаете, животните навики не се менуваат преку ноќ, а промените сепак да бидат одржливи. Покрај исхраната има и неколку природни додатоци на исхрана (суплементи) кои даваат многу добри резултати во намалувањето на нивото на шеќер во крв.

На пример, голем број научни студии укажуваат на тоа дека циметот би можел да се користи за намалување на нивото на гликемија, или пак дека употребата на јаболков оцет може да доведе до постабилно ниво на постпрандијална гликемија. Важно е сите овие препораки да се вклопат во еден индивидуализиран нутритивен протокол кој се прави за секој пациент одделно.

ЕНАУКА: Дали би можело и самостојно да се применат овие искуства, на своја рака, од пациентите со дијабет?

Д-р МИТОВ: Не е препорачливо пациентите со дијабет да прават сериозни промени во начинот на живот без притоа да се консултираат со лекар. Зошто? Кај пациенти кои примаат медикаментозна терапија за дијабет, промените во исхраната и активноста можат да доведат до силни варијации на шеќерот во крвта и тоа може да биде многу сериозен проблем. Затоа процесот на промена на животниот стил е постепен, со редовно секојдневно следење на нивото на гликемија и под водство на лекар.

ЕНАУКА: Ова е портал за наука па би сакале да ги објасните биолошките механизми кои ја објаснуваат ефективноста на овој пристап со исхрана и физичка активност?

Д-р МИТОВ: Се претпоставува дека намалувањето на внесот на калории и на масти доведува до намалување на нивото на масти во црниот дроб и за неколку дена доаѓа до обновување на нормалната инсулинска осетливост на црниот дроб. Истовремено, нивото на шеќер во плазмата (крвта) постепено се враќа кон нормала. Инсулинската осетливост на мускулите останува променета уште неколку недели или месеци после почетокот на интервенцијата.

Патофизиолошкиот механизам на дијабет тип 2, според оваа хипотеза, е следниот: инсулинската неосетливост на мускулите го поттикнува концентрирањето на масти во црниот дроб во периоди на позитивен енергетски биланс. Од друга страна, зголемената секреција на инсулин дополнително го стимулира овој процес. Така, замастениот црн дроб води кон покачени нивоа на плазматски триацилглицерол.

Изложувањето на бета клетките (во панкреасот) на зголемени нивоа на масни киселини (од триацилглицеролот) ја супримира инсулинската секреција. Цел овој процес на почетокот е реверзибилен, но постепено станува траен.
Или накратко, мускулната инсулинска резистенција ја определува стапката на прогресија на замастениот црн дроб, и депозитите на масти во црниот дроб и панкреасот водат кон дисфункција на бета клетките (пресудни за производство на инсулин).
Сите овие дефекти се реверзибилни во раните фази на дијабет, и тоа целосно кај ран дијабет, а до значителен степен кај напреднат дијабет.

ЕНАУКА: Зошто овој пристап не е повеќе познат и општо прифатен?
Д-р МИТОВ: Сепак станува збор за релативно нови научни студии, ќе треба време да се прошират и прифатат. Гледате, еден дел на студиите на кои се повикувам се објавени оваа и минатата година.
Дополнително, станува збор за коренита промена во сфаќањето на една болест која „до вчера” ја сметавме за неизлечива и неизбежно прогредирачка. И ние лекарите, како и останатите луѓе, размислуваме преку парадигми и длабоко вкоренети сфаќања. За тоа да се смени, повторно, е потребно време.
И конечно, медицинската пракса е обврзана на претпазливост. Од една страна, тоа ги штити пациентите, но од друга страна, пробивањето на новините во медицината се одвива бавно и неадекватно со брзината на науката.
Сепак, силно сум убеден дека во следнава декада, и за дијабетот и за други болести, прва линија на терапија ќе биде промената на животните навики.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 5 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 5 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 19 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена