Поврзи се со нас

Занимливости

Дијамантот “Farnese Blue” продаден за 6,7 милиони долари

Објавено

на

Реткиот син дијамант познат како “Farnese Blue”, од 6,16 карати, кој последните 300 години беше во сопственост на повеќе кралски семејства во Европа, продаден е на аукција во Женева, за 6,7 милиони долари.

Дијамантот “Farnese Blue” е даден како свадбен подарок на Елизабет Фарнезе, ќерка на војводата од Парма, кога се омажила за кралот Филип од Шпанија петти во 1715 година, внук на францускиот крал Луј 14, нарекуван Кралот Сонце.

Дијамантот оттогаш се проследувал во кралските кругови од генерација на генерација, од Шпанија преку Франција до Италија и Австрија.

6,16 каратниот дијамант потекнува од рудникот Голконда во Индија. На аукцијата беше продаден по само четири минути, во аукциската куќа Sotbis, која побара почетна цена од три и пол милиони долари. Идентитетот на новиот сопственик не е познат.

“Очекувавме добар резултат, почнавме од 3,5 милиони, а завршивме со 6,7 милиони, очигледно погрешивме во проценката”, рече Даниела Макети, претставник на аукциската куќа Sotbis.

Според неа, дијаманти како овој, кои се со висок квалитет и имаат историја, одлично поминуваат на аукциите. Овој дијамант некогаш бил дел од круната на француската кралица Марија Антоанета.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена