Вести
ДИК бара да се одложат изборите поради коронавирусот
Државната изборна комисија смета дека парламентарните избори што се закажани за 12 април, треба да бидат одложени, поради состојбите со коронавирусот. ДИК смета дека политичките партии и техничката Влада, треба да размислат каква одлука ќе биде за доброто на здравјето на граѓаните.
Ова беше образложено на денешната седница на Државната изборна комисија.
„Границите во другите држави се затвораат, кај нас има строга контрола на границите, граѓаните се самоизолираа, бројот на заболени порасна на 18 лица, две општини Дебар и Центар Жупа се во карантин. Здравјето на граѓаните треба да биде пред се. Кампањата започнува на 23 март, треба добро да се размисли околу целата ситуација и да се излезе со добар став.“, беше речено на седницата.
Во меѓувреме, активностите на ДИК се редуцирани и се прават сите напори голем дел од обврските да се завршуваат по електронски пат.
Утре (понеделник, 16 март) за состојбата со ковид 19, ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност во проширен состав.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија