Поврзи се со нас

Гостивар

ДИК ги објави конечните резултатите од Парламентарните избори

Објавено

на

Државната изборна комисија на јавна седница ги соопшти конечните резултати од предвремените Парламентарни избори што се одржаа на 15-ти јули.

Конечните резултати се објавуваат врз основа на записниците од Општинските изборни комисии и записниците од Избирачките одбори, рече претседателот на комисијата Оливер Дерковски.

Коалицијата „Можеме“ на СДСМ и БЕСА освоила 35,89% од гласовите и добива 46 пратенички мандати.

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освоила 34,57% од гласовите и добива 44 мандати.

ДУИ освоила 11,48% од гласовите и добива 15 мандати.

Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива освоила 8,95% од гласовите и добива 12 мандати.

Левица освоила 4,1% од гласовите и добива 2 мандати

ДПА освоила 1,53% и добива 1 мандат.

Конститутивната седница на Собранието треба да се одржи најдоцна 20 дена од денот на одржување на изборите, што значи до 4 август. Седницата ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав Талат Џафери.

Потоа, откако Парламентот ќе се конституира претседателот на државата има рок од 10 дена да му го даде мандатот за состав на нова Влада на партијата која има мнозинство пратеници. Мандатарот има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена