Вести
ДИК ги одби сите приговори за првиот круг – меѓу нив и еден за Гостивар

Државната изборна комисија ги одби сите приговори кои политичките партии ги поднесоа за првиот круг од Локалните избори 2017.
Портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска во изјава за државната агенција МИА потврди дека седницата завршила утрово и дека се одбиени сите приговори.
За првиот круг од Локалните избори беа поднесени вкупно 46 приговори. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 43, па повлече четири. По еден приговор имаа поднесено ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица. Приговорот на Алијанса за Албанците се однесуваше за избирачкото место 387/1 во општина Гостивар со забелешка дека избирачкиот одбор не го спроведувал гласањето на начин утврден со закон и барање за поништување на гласањето на тоа избирачко место. Приговорот не е прифатен.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!