Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

ДИК ги усвои Кодексот и Упатството за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Објавено

на

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги усвои Кодексот за набљудување на изборите за претседател на државата и на изборите за пратеници во Собранието во 2024 година, како и Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка.

Кодексот и Упатството, како што беше речено, ќе бидат објавени на веб страницата на ДИК.

На седницата беа изгласани и Планот за комуникација и координација меѓу изборните органи, Упатството за родово чувствителни документи, како и Заклучокот за останување во сила на повеќе правилници и упатства меѓу кои и оние за важечки и неважечки ливчиња, за распределба на рекламни паноа, за пријавување и гласање на немоќни лица, за гласање на лица кои се во куќен притвор, за гласање на лица во конзуларните канцеларии, за решавање приговори во надлежност на ДИК и во надлежност на општинските изборни комсиии, за пријавување и гласање во посебни установи на вонсемејна грижа,…

Членот на ДИК Бобан Стојаноски потсети дека целта на Упатството за набљудување на изборите е да дава насоки за начинот на акредитирање на набљудувачите и за спроведување на набљудувањето на изборите и изборната постапка.

  • Барање за стекнување својство на набљудувач може да поднесат домашни здруженија и странски организации кои се регистрирани согласно закон најмалку една година пред денот на одржување на изборите, а во чиј статут е вклучено начелото на заштита на човековите права. Барање за стекнување својство на набљудувач може да поднесат и меѓународни организации и претставници на странски земји. Барањата со потребните прилози се доставуват до ДИК од денот на распишување на изборите, а најдоцна 10 дена пред денот на гласањето. Врз основа на ваквите барања, ДИК издава овластување за набљудување најдоцна седум дена по приемот на барањата, а овластувањата заедно со беџови се издаваат поединечно за сите набљудувачи, истакна Стојаноски.

Кодексот за набљудување на изборите го објасни Борис Кондарко.

  • Кодексот се однесува на тоа кој може да ги набљудува изборите, кој поднесува барања. Тоа се домашни здруженија и странски организации регистрирани согласно закон најмалку една година пред денот на одржување на изборите и во чиј статут е вклучено начелото за заштита на човековите права, други меѓународни организации и претставници на странски земји. Кодексот содржи насоки и правила за набљудување. Наведено е што смеат, а што не смеат да прават овластените набљудувачи на изборите и како да се однеусваат при набљудувањето. Тие треба да ги познаваат и почитуваат одредните на Изборниот законик и на Кодексот, упатствата на ДИК, да бидат непристрасни во извршувањето на своите должности. Не смеат да изразуваат пристрасност кон изборните органи или кандидатите, ниту да влијат како било на изборниот процеси или гласачите, да изразуваат поддршка на партија, коалиција или кандидат, а не смеат ни да носат ознаки на партија, коалиција или кандидат. Овластените набљудувачи мора да носат беџ издаден од ДИК и лични исправи, а заклучоците од набљудувањето треба да ги базираат на документирани факти, нагласи Кондарко.

Тој информира и дека ДИК дала налог општинските изборни комсии од оваа недела да се активираат и да ги извршуваат своите надлежности според Роковникот, Изборниот законик и генералните упатства. Воедно апелира до членовите на сите изборни органи да учествуваат на задолжителните обуки за професионализација на изборната администрација.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 57 минути

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 3 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 4 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 8 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 9 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 20 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 21 час

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена