Поврзи се со нас

Македонија

ДИК ги утврди поважните рокови за локалните избори

Објавено

на

Државната изборна комисија на јавна седница ги утврди поважните рокови за изборните дејствија за изборите закажани за 17 октомври, годинава.

Согласно одлуката, листите на кандидати за локалните избори се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на овластените предлагачи, а крајниот рок за нивно поднесување е заклучно со 11 септември до 24 часот. Изборната кампања започнува на 27 септември во 00 часот, што значи се смета и денот 27 и трае заклучно со 15 октовмри до 24 часот, кога настапува изборниот молк на 16 септември, пред гласањето.  На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите.

Жрепката за редоследот на гласачкото ливче на листите на кандидати, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември и сите листи на кандидати од ист подносител во сите општини ќе имаат согласно Изборниот законик, ист реден број, како што е уредено со закон за да биде поедноставно за  гласачите. На 23 септември, ДИК со претставниците на подносителите на листите ќе организира потпишување на изборниот кодекс за фер и демокартски избори. Собирањето потписи на граѓани за поднесување на листи на кандидати или независни листи на кандидати ќе започне на 16 август и ќе трае 15 дена заклучно со 30 август, а ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК низ државата и согласно измените на Избониот законик од лани, пред надлежни нотари кои ќе бидат определени од страна на самите подносители на листи, за што дополнително ќе бидат издадени упатства.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе започне на 21 август и ќе трае заклучно со 9 септември во 24 часот во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК. Борис Кондарко членот на ДИК, потсети дека покрај увидот во Избирачкиот список кој трае за време на распишани избори, ДИК согласно законот четири пати во годината го ажурира списокот, па граѓаните можат електронски 24 часа да ги проверуваат своите податоци. Последното ажурирање е од мај, годинава, а за изборите ќе се користат најновите податоци од Избирачкиот список, за кои денеска согласно закон, ќе се обратат до МВР за да им ги достави.

Рокот за пријавувањето на болни и немоќни лица кои гласаат ден пред изборите, е седум дена пред изборите, додека рокот за пријавување на набљудувачите – домашни и меѓународни НВО, претставници на меѓунарони мисии и амбасади, трае до 6 октомври. Политичките партии ќе добијат известување од ДИК најдоцна 1 септември за именување свои претставници и заменици во избирачките одбори, по што за пет дена тие треба да ги достават нивните имиња.

На седницата беше усвоено и барањето кое ќе биде доставено до МВР за доставување податоци за ажурирање на Избирачкиот список, односно податоци за граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на одржување на изборите за прв круг гласање кои имаат важечка лична карта или патна исправа, податоци за граѓани со наполнети 18 години чиј рок на важност на лична карта или патна исправа завршува од денот на распишување на изборите (од 6 август) до денот на гласање 16 октомври…МВР со измените на занонот доставува и фотографии за овие граѓани, а во наредната фаза со воведување на електронска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, во наредната фаза од изборниот процес МВР ќе ги достави и овие податоци.

За ажурирање на податоците на Избирачкиот список, ДИК ќе се обрати и до основните судови, МТСП и до казнено-поправните установи за извршување санкции.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 8 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 10 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 13 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 14 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 16 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена