Поврзи се со нас

Гостивар

ДИК го отфрли барањето на Чулев за поништеното решение за началник на СВР Тетово

Објавено

на

Промените на раководното место во СВР Тетово изминатата недела беа многу актуелни во јавноста, откако беше поставен нов началник, па за само неколку дена вратен претходниот.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев го именуваше Гоце Јанкулоски за нов началник на тетовскиот сектор, но Владата го поништи решението, со што началник повторно стана Амир Далипи.

Чулев побара Државната изборна комисија да го разгледа случајот со поништеното решение, односно да ја оцени неговата законитост. ДИК на седница вчера го отфрли барањето,  посочувајќи дека тоа е во надлежност на Државната комисија за спречување на корупција.

Разршувањата и именувањата стигнаа и до обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје ги проверува наводите на техничкиот министер Чулев за да утврди дали има неправилности кои би упатиле на извршено кривично дело кое се гони по службена должност. „Со таа цел, надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата на РСМ за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите.“, соопшти обвинителството

Претходно, до Основното јавно обвинителство Скопје од страна на дополнителниот заменик на МВР била поднесена кривична пријава против техничкиот министер за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.  Пријавата се однесува на донесената телеграма од 08.01.2020 година од страна на техничкиот министер со која се известуваат раководителите на организациони единици во МВР дека решенијата за распоредување потпишани од поранешниот министер за внатрешни работи кои не се врачени, не треба да им се врачуваат на вработените на кои се однесуваат.

Во поглед на оваа кривична пријава, надлежниот јавен обвинител издаде наредба да се направат проверки до Министерството за внатрешни работи, до техничкиот министер и до дополнителниот заменик на министерот од кои се бара да достават релевантни податоци и да приложат писмени докази.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 2 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 5 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена